Zülfiya Yakup
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) - Пратениците на опозиционите партии во Собранието на Косово, по два фрлени солзавци и поливањето со вода на премиерот Иса Мустафа, ја напуштија собраниската сала, а полицијата приведе двајца пратеници на „Самоопределување”, Сали Салиху и Мутахер Хаскукај, јавува Anadolu Agency (АА).
По вториот солзавец Собранието на Косово продолжи со работата.
Опозицијата со зборување од своите местата одредено време ја попречуваше работата на Собранието, а потоа повеќемина опозициски пратеници дојдоа до собраниската говорница.
Пратеникот Исмаил Куртеши од Движењето „Самоопределување” самоиницијативно зеде збор и од говорницата порача дека нормализирање на работата на Собранието не е можно сè додека премиерот Мустафа не поднесе оставка, бидејќи го прекршил Уставот со потпишување на договорот за Заедница на општини со српско мнозинство и за демаркација на границата со Црна Гора.
Во текот на обраќањето на Куртеши, опозицискиот пратеник Мутахер Хускукај фрли вода во правец на косовскиот премер Иса Мустафа.
Опозицијата ја напушти салата, а на присутните им се обрати премиерот Мустафа кој рече дека ништо не ѝ должи на опозицијата и дека не гледа ниту една причина за опозицијата да го напаѓа внатре и надвор од Собранието, споменувајќи го нападот врз неговата куќа, на денот кога беше биран новиот претседател на Косово, Хашим Тачи.
„Јас сум премиер на земја, не сум знак кој некој, како ќе му дојде, може да го гаѓа и внатре и надвор од Собранието, и мислам дека правосудните органи тое не смеат да го дозволат”, рече Мустафа.
Тој нагласи дека Владата не го прекршила Уставот, и дека Уставниот суд дал свое мислење за формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство.
Косовскиот премиер ја повика опозицијата да се врати во Собранието и да се вклучи во дебатата за сè што ја загрижува и аргументирано да се избори за своите ставови.