Zülfiya Yakup
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - По повод забраната за влегување на возот кој утрово од Белград тргнал кон Косово, премиерот на Косово, Иса Мустафа, рече дека косовските институции биле решителни да не дозволат влегување на тој воз во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа на вонредна конференција за новинарите истакна дека денеска сите во Косово биле реално загрижени и им се заблагодари на сите граѓани и меѓународни пријатели на поддршката за надминување на оваа ситуација.
Мустафа истакна дека Владата на Косово и сите нејзини одделенија, како што се Министерството за надворешни работи, Министерството за инфраструктура, надлежни за железница, МВР и останатите надлежни, биле ангажирани сите овие денови не само денеска, да ги разгледаат сите процедурални, технички и оперативни апсекти за ова прашање да се третира на институционализиран начин.
„Заедно со претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, и со консултации со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, ги презедовме сите мерки во склад со Уставот и законите“, рече Мустафа.
Косовскиот премиер истакна дека по состанокот со надлежните државни институции и претставници на дипломатските мисии во Косово, како и состаноците на Советот за национална безбедност, одлучено е да се преземат сите законски мерки во согласност со ситуацијата.
„Враќањето назад на овој воз е исправен потег и неговото влегување во независна и суверена Република Косово не би се дозволило, или во случај да влезеше би бил третиран во полна согласност со законоте на Република Косово“, рече Мустафа.
Тој наведе дека Косово е потполно посветено на слободата на движење на граѓаните и на реализација на договорите кои се однесуваат на правата на граѓаните, но „нема да дозволиме такви провокации кои имаат за цел враќање на Косово и регионот во непредвидливи мрачни кофликти".
По повод најавеното доаѓање на возот од Србија, на граничниот премин Јариње на северот на Косово кон Србија, во попладневните часови значително е засилено присуството на полицијата на Косово, вклучувајќи ги припадниците на специјалните полициски единици. Возот не тргна подалеку од Рашка, која е оддалечена околу 10 километри од Јариње. Во врска со информаците кои во текот на денот се појавија во однос на наводното поставување на експлозивните направи долж пругата, полицијата на Косово ги презеде сите мерки за пругата да се провери и досега не е пронајдено ништо сомнително, потврди за АА Баки Келани, портпаролот на Полицијата на Косово.
Најавата за доаѓањето на возот од Србија на Косово предизвика бурни реакции на политичарите и граѓаните кои сметаат дека тој воз е провокација на Србија и загрозување на државниот суверенитет на Косово.
Од Белград утрово без договор со Приштина тргна воз на промотивна железничка линија на релација Белград-Северна Митровица, која не функционира од 1999 година. Возот предвиден за таа релација стаса од Русија и однадвор е обоен со боите на знамето на Србија, со имињата на православните цркви и манастири на Косово, додека внатрешноста на возот е украсена со мотиви од културното и духовното наследство на Србите од Косово.