Medin Halilovic
15 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
НОВИ ПАЗАР/ЈАРИЊЕ (AA) – На северот на Косово, во близина на граничниот премин Јариње вечерва беа засилени силите на Полицијата на Косово и специјаните единици РОСУ, а откако возот кој беше запрен во Рашка тргна назад кон Белград, запона и повлекувањето на припадниците на косовските безбедносни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
На железничката станица Долно Јариње кај граничниот премин Јариње, од 20 часот вечерва се наоѓаа околу стотина косовски полицајци и припадници на специјалните единици РОСУ со најмалку 20 оклопни и други возила, јавува репортерот на АА од местото на настанот. Припадниците на косовската полиција се повелкуваат од Јариње.
Косовските полицајци се наоѓаа долж пругата, а припадниците на единиците РОСУ, со долги цевки, во непосредна близина на магистралниот пат Јариње-Митровица.
Припадниците на Полицијата на Косово не го запреа возот, а на тоа место дојдоа вечерва околу 18 часот кога се очекуваше тука да помине воз Белград-Косовска Митровица кој е запрен во Рашка, на десет километри од Јариње.
Пред доаѓањето на косовската полиција во Долно Јариње се собраа околу педесетина Срби од Северот на Косово, но се разидоа.
Возот кој по 18 години утрово тргна од Белград за Митровица по запирањето во Рашка тргна за Белград околу 20.40 часот.
Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва на вонредна конференција за новинарите во Владата на Србија изјави дека возот, денеска после пладне е запрен поради обидите за минирање на пругата.
Вучиќ, повикувајќи ги Србите да останат мирни, истакна дека неговата одлука во тој момент била да се запре возот во Рашка, дека се горее со таа одлука и дека Србија сака мир.
Седницата на Бирото за координација на службите на безбедност на Србија, која премиерот Александар Вучиќ вечерва поради случувањата на Косово итно ја свика, сеуште не е завршена.
Од Полицијата на Косово денеска, во врска со информациите кои во текот на денот се појавија дека се поставени експлозивни направи долж пругата кон Митровица, кажано е дека Полицијата на Косово ги презеде сите мерки за да пругата се провери и до сега не е пронајдено нешто сомнително.
Возот во боите на знамето на Србија и со мотивите и сликите на православните цркви и манастирите од Косово тргна утрово од Белград кон Северна Митровица. Во возот кој е донација од Русија воглавно беа новинари.
Редовната линија на возот на релација Белград-Косовска Митровица не сообраќа од 1999 година.