Alma Çekovic
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
БЕЛГРАД (АА) - Поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, денес ја најави својата кандидатура на претстојните претседателски избори во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на собирот „Србија во 2017 година“ во Белград ги потврди претходните шпекулации дека ќе се кандидира за претседател на Србија.
„Убеден сум дека заедно можеме да го промениме овој назаден систем и да создадеме достоинствена, суверена и развиена држава, Србија, чии граѓани ќе бидат слободни, безбедни и независни. Земја во којашто веќе не се шепоти туку слободно и гласно се говори“, рече Јеремиќ.
Поранешниот министер истакна дека, доколку биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе се заложува за економски подобра Србија.