Zülfiya Yakup
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Политичките претставници на Србите од северот на Косово одлучија да ја прекинат комуникацијата и соработката со КФОР поради денешната посета на премиерот на Косово Иса Мустафа на северот на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на градоначланиците на четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќе и Зубин Поток, најостро се осудува „инструментализацијата на КФОР, кој денес ја извршуваше улогата на политички покровител на Иса Мустава за време на ненајавената посета на северот на Косово и ја прекинува комуникацијата и соработката со КФОР".
Премиерот на Косово Иса Мустафа престојуваше денеска на северот на Косово, каде учествуваше на церемонијата и пуштање во сообраќај на новиот мост на Бистрица, кој ги поврзува општините Звечан и Лепоставиќ во организација на КФОР. Со премиерот на сверот на Косово престојуваа министерот на безбедносните сили Хаки Демоли и министерот за внатрешни работи Скенедер Хисени.
Во соопштението се истакнува дека оваа посета се случи во спротивност на волјата на жителите на северот на Косово и на неа се гледа „како на демонстрација на сила на Иса Мустафа, бидејќи да е навистина силен не би имал потреба од меѓународна вооружена придружба, туку како на провокативен воено-политички маневар на КФОР, чија намера е нарушување на процесот на нормализација и предизвикување на страв и неспокојство меѓу Србите северно од Ибар".
Според политичките претставници на Србите од северот, КФОР со ова ја поминал тенката линија која ги дели миротворците од окупаторите, бидејќи наместо да служи на потребите за стабилизација на состојбата на Косово, денеска беше фактор на дестабилизација и со тоа ко наруши својот кредибилитет кај српскиот народ на северот на Косово.
Градоначалниците истакнуваат дека на српскиот народ на северот на Косово не може „со оружје да му се наметнува политичката реалност", и се додава дека многу се залажува секој кој мисли дека со заплашување може да ги натера Србите да поминат преку едноумие и политичко насилство, кои според нив и довеле до неучество на српските политички претставници во косовските институции.
Инаку, Србите од свереот на Косово денеска околу 13 часот го блокираа магистралниот пат Приштина-Лепосавиќ за да спречат косовските функционери да присуствуват на пуштањето во сообраќај на мостот на Бистрица, но тие во придружба на КФОР поминале по некој друг, заобиколен пат.