Emre Doğan
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Русија денеска започнува 8.ФИФА Куп на конфедерации во фудбал кој ќе трае од 17 јуни до 2 јули. На овој турнир, како претставници на УЕФА учествуваат Русија, Германија и Португалија, претставник на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (CONMEBOL) е Чиле, Африканската фудбалска конфедерација (CAF) ја претставува Камерун, претставник на фудбалската конфедерација на Северна и Централна Америка со Кариби е Мексико, додека претставник на Азиската фудбалска конфедерација и фудбалската конфедерација на Австралија и Океанија е екипата на Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварите од Купот на конфедерациите, освен во главниот град Москва, ќе се одржат и во градовите Санкт Петербург, Казањ и во Сочи. На турнирот учествуваат 8 екипи коишто се поделени во 2 групи.
Отворањето на турнирот ќе го направат екипите на Русија и Нов Зеланд, на стадионот „Санкт Петербург“ во истоимениот град.
- Историјат
Купот на конфедерации којшто во 1992 година и во 1995 година се одржа во организација на Саудиска Арабија, беше именуван како Куп на Кралот Фахд.
Купот на конфедерации од 1997 година беше преименуван во ФИФА Куп на конфедерации и беше донесена одлука да се одржува на секои 2 години.
Од 2005 година, Купот на конфедерации се одржува на секои 4 години и домаќин е организаторот на Светското фудбалско првенство на ФИФА. Турнирот се организира една година пред Светскиот куп, како проверка на подготвеноста на земјата-домаќин.
- Најголем број трофеи има Бразил
Бразил има освоено најголем број трофеи во сите досега одржани Купови на конфедерациите.
Претставникот на CONMEBOL беше шампион во 1997, 2005, 2009 и во 2013 година.
Покрај Бразил, освојувачи на Купот на конфедерации се Франција, во 2001 и 2003, Мексико во 1999, Аргентина во 1992 и Данска во 1995 година.
- Формат на Купот на конфедерации
Купот на конфедерации го сочинуваат две групи од по четири екипи.
Во групата А, покрај домаќинот Русија се и Португалија, Мексико и Нов Зеланд.
Во групата Б се наоѓаат Германија, Чиле, Камерун и Австралија.
На крајот од натпреварите по групи, првопласираната екипа од групата А игра со второпласираната од групата Б, а првопласираната од групата Б игра со второпласираната од групата А. Победниците од овие средби ќе играат во финалето на 2 јули.
Борбата за трето место ќе се одржи истиот ден во Москва.