Турција

Турција ќе продолжи со цврстиот став за Кипар, Сирија и Либија

Говорејќи на церемонијата на одбележување на 35. годишнина од Турската Република Северен Кипар, Фуат Октај изјави дека причината што Кипар сѐ уште не постигнува решение е однесувањето на кипарските Грци кои ја прифатија нерешливоста како максимум

Fatih Hafız Mehmet  | 15.11.2018 - Обновена : 16.11.2018
Турција ќе продолжи со цврстиот став за Кипар, Сирија и Либија

Ankara

ЛЕФКОСА (АА) - Турскиот потпретседател Фуат Октај денес изјави дека земјата ќе продолжи со својот праведен и цврст став за Кипар, Сирија и Либија, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи на церемонијата на одбележување на 35. годишнина од Турската Република Северен Кипар (TRNC), Фуат Октај изјави дека причината што Кипар сѐ уште не постигнува решение е однесувањето на кипарските Грци кои ја прифатија нерешливоста како максимум.

„Турција ќе продолжи да го покажува својот праведен и цврст став со посветеност во Кипар, Сирија и Либија“, изјави Октај.

Тој нагласи дека Турската Република Северен Кипар е една од двата основачки и еднакви делови на островот и дека Турција нема да дозволи кипарските Грци да го игнорират овој факт.

Турската Република Северен Кипар е прогласена на 15 ноември 1983 година. Во моментот само Турција ја признава како независна земја.

Кипар е поделен уште од 1974 година, по државниот удар на кипарските Грци, кој беше проследен со насилства против турските жители на островот и интервенцијата на Анкара како земја гарант.

Последниот обид за обединување на Кипар заврши неуспешно во 2004 година, кога гласачите во Република Кипар на референдум одбија да го прифатат планот предложен од страна на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.

Статусот на островот остана нерешен и покрај серијата преговори кои продолжија во мај 2015 година.

Во последниве години имаше мировен процес пропратен со прекини, последната неуспешна иницијатива во Кран-Монтана, Швајцарија, под покровителство на земјите-гаранти Турција, Грција и Велика Британија, пропаднаа минатата година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.