Vesna Besiç
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ХАРКОВ (АА) - Како дел од фестивалот "Winter Dog", во украинскиот град Харков беше одржана трка на кучиња во влечење санки, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопствениците на различни видови кучиња во трката учествуваа на различни начини.
Некои од нив беа на санки, додека други се одлучија за скии.
Голем број граѓани го следеа настанот во кој силите ги одмерија кучињата во придружба на своите сопственици.