?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Денес на плоштад “Македонија” беше означен стартот на овогодинешното издание на Ноќната атлетска трка “Низ улиците на Скопје” , на која учествуваа повеќе од 200 учесници во машка и женска категорија, јавува Anadolu Agency.
Меѓу учесниците на на ноќната атлетска трка на 4.800 метри се издвоија имињата на Милош Ракетиќ со време 15:04:12, потоа, Кокан Ајановски- 15:10: 16 и Дарио Ивановски- 15:17:63.
Наградите на најдобрите учесници им ги врачи градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа спортска активност се одржува во чест на 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје.