Fatih Hafız Mehmet
23 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 2.300 пливачи од 49 земји учествуваа денеска на 29-то Самсунг Интерконтинентален натпревар преку Босфор, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците на натпреварот во пливање тргнаа од место Kaнлиџа на азискиот брег на Босфор, а трката заврши на европскиот брег во близина на паркот Ќучукшешме Џемил Топузлу.
Русинката Кристина Koчеткова е победник на натпреварот во женска конкуренција, која босфорската патека долга 6,5 километри ја преплива помалку од 54 минути, додека нејзината сонародник Јуриј Eлисев беше најдобар во машката конкуренција и Босфор го преплива за 50 минути и 58 секунди.
Турскиот министер за спорт и млади, Осман Аскин Бак изјави дека Турција е безбедна земја за спорт и туризам, а тоа го потврди и денешниот натпревар во Истанбул.
„Некои зборуваа за тероризмот во нашата земја, но гледате дека ние продолжуваме нормално да живееме. Турција ќе продолжи по својот пат на развој и инвестиции во спортот и културата", изјави Бак.