Halil Demir
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акциите против терористичката организација ДЕАШ во Истанбул се уапсени 62 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на Управата за борба против тероризмот започнаа акција за апсење на лица за кои е утврдено дека подготвувале активности во име на ДЕАШ.
Истовремено, извршени се акции на 12 адреси, во осум места. Уапсени се 62 странски државјани, а пронајдени е и обемна документација на организацијата, како и дигитален материјал.
Во тек е распитот на осомничените лица. Повеќе од 300 лица го загубија животот во крвави напади во Турција за кои одговорност презеде ДЕАШ. Целта на терористичката организација во нападите на бомбаши-самоубијци, напади со ракети и огнено оружје беа цивилите.
Турските безбедносни сили водат долготрајна кампања чија цел е спречување на нападите на ДЕАШ.