Şenhan Bolelli
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
МАДРИД (АА) - Во Мадрид се одржа традиционална трка во која учествуваа десет илјади лица облечени во костими на Дедо Мраз, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците, и покрај студеното време, ја истрчаа делницата долга околу пет километри.
Трката се организира секоја година за промоција на борбата против одредени болести.
Оваа година дел од приходите од трката ќе биде издвоен за фондацијата „Intheos“ која се занимава со истражување и борба против карциномот.