????? ????????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Амбасадата на Франција во Скопје, денеска отвори книга на жалост за да им се оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните на Скопје, меѓу кои и бројни државни функционери, дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на разни институции се потпишуваат во книгата на жалост, на тој начин оддавајќи им почит на жртвите во терористичките напади во Париз.
Книгата ќе биде отворена од денеска до 18 ноември, од 10:00 до 13:00 часот во Амбасадата на Франција.
Во Франција и во повеќе други земји денеска во 12:00 часот се одржа едноминутно молчење во чест на настраданите во Париз.