????? ??????????, ????? ?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
СКОПЈЕ – Протокол за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, беше промовиран денеска од страна на Комисијата за заштита од дискриминација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Ленче Ковачевска, член на Комисијата за заштита од дискриминација, во периодот од јануари 2011 година до октотмври 2015 година, до Комисијата за заштита од дискриминација поднесени се вкупно 395 претставки.
“Најголемиот број на претставки се однесува на работните односи, каде што граѓаните најмногу сметаат дека се дискриминирани. Потоа следуваат претставките во однос на социјалната сигурност, правосудтвото и правата, образованието, во областа на јавно информирање и други. Нема област во која што граѓаните се пожалиле дека нема дискриминација. Исто така опфатена е дискриминација и по сите основи, односно по основ на политичка припадност, пол и возраст, вели Ковачевска.
Комисијата промовира и видео спот „За нација без дискриминација“ дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“.
Проектот има за цел да го зајакне капацитетите на комисијата за заштита од дискриминација за поефикасна обработка на претставки поднесени за дискриминација врз основа на сексуалната определба и родовиот идентитет, како и зајакнување на учеството на комисијата во кампања насочени кон нормата против стигмата и дискриминацијата на припадниците на ЛГБТ заедницата.