Миграции: Еден од главните показатели на основните општествени промени
Миграциите претставуваат еден од главните показатели на основните општествени промени во рамките на современите општества
????? ??????????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
СкопјеСКОПЈЕ – Многу е важно да не ги затвораме очите и заеднички да работиме за надминување на национализмот кој што е во пораст. Ова е заклучокот на меѓународната панел дискусијата за Миграциите која се одржа во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците кои денеска присуствуваа велат дека според истражувањата кои се направени, голем е бројот на граѓани кои исламот го поврзуваат со Исламската држава (ДАЕШ), тероризмот и насилството. Според нив, сите заеднички треба да ги браниме вредностите на толеранција, разноличностите и сличностите, но исто така и да се бориме против националистичките изложувања.
Заеднички се согласија дека многу е важно на кој начин известуваат медиумите, бидејќи доколку истите продолжат да известуваат со емпатија, таа може да биде пречка луѓето да имаат пообјективна слика кон миграцијата и религиите.
Миграциите претставуваат еден од главните показатели на основните општествени промени во рамките на современите општества.
Денес Европа повторно се соочува со експлозија на феноменот миграција, но овој пат таа е цел на бегалци, особено од Сирија, но и од Авганистан, Ирак, Еритреја, Либија и други држави зафатени и разорени од воени судири, истакнаа панелистите.
Меѓународната панел дискусија се одржа по повод филмски фестивал Cinedays, што се одржува од 12 до 21 ноември во Скопје, а во чив фокус токму денес е ставена темата за миграции. Во дискусијата, учествуваа претставници од повеќе држави.
Покрај македонските учествуваа и претставници од Турција, Бугарија, Хрватска, Франција, Италија и други земји.