Lejla Ataman K.
18 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
Анталија (АА) – Апартманот во кој беше сместен Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама за време на престојот во турскиот град Анталија по повод Самитот на Г-20, беше претставен пред медиумите, јавува Anadolu Agency (АА).
Обама престојуваше во луксузен апартман во хотелот Calista Luxury Resort во Анталија. Во апартманот со број 1415 и големина од 240 квадратни метри, порано престојувале и поранешниот турски претседател Абдулах Ѓул и познатиот руски бизнисмен Роман Абрамовиќ.
Апартманот кој за разлика на другите луксузни вили во внатрешниот комплекс на овој хотел изгледа скромно. Се состои од две спални, две купатила, ходник, дневна соба, тоалет за гости, кујна, балкон, гардеробери и простории за службата.
Станот има поглед на Средоземно Море. Она што привлече вниманието на медиумите се чешмите во бањата кои се позлатени со 24-каратно злато. Во апартманот исто така се наоѓа и трпезариска маса за 12 луѓе.
Гувернерот на Анталија, Муамер Туркер во разговор со новинар од АА изјави дека одржувањето на самитот на Г20 во Анталија има допинг ефект врз туризмот во регионот.
"Самитот ќе ја претстави Анталија во целиот свет и тоа ќе биде причина за голем број на туристи да го посетат овој град. Самитот имаше допинг ефект врз нашиот туризам", рече Туркер. Тој истакна дека Турција и Анталија се справија со должноста како домаќини на овој самит, по што самитот ќе влезе во историјата под името “Анталија Самит".
Самитот на Г20 во Анталија беше проследен од страна на стотици претставници на медиуми од целиот свет.