Miki Trajkovski
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ОХРИД (АА) - Македонскиот пливач Томи Стефановски е победник на јубилејниот 30- ти по ред. Тој триесет километарската патека од Свети Наум до Охрид ја исплива за помалку од шест часа односно за 5:55:18:97 часа. Второто место му припадна на Италијанецот Едоардо Сточино кој пристигна за 5:55:34:37 часа, додека пак трет на финишот пристигна Евангелиста Матеус од Бразил за 5:55:34:37 часа.По заршувањето на трката, која заврши со фото финиш, победникот Стефановски рече дека последните дваесет метри ги пливал и мижел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Трката не беше силна но на локацијата кај Парк темпото на трката почна да се појачува.Во главата ми беше дека ова ми се последни километри.На крајот излезе најдобро што може бидејки е тешко да завршиш последна трка во маратон. Да се тркаш со многу помлади од мене е тешко.Во последните дваесет метри мижев и пливав но на крајот вредеше сето тоа“, рече Стефановски.
Стефановски кажа дека ова била негова последна трка како маратонски пливач и оти му била животна желба кариерата да ја заврши како победник токму на Охридскиот маратон.
„Езерото беше супер и мирно.Држев снага цело време за на крај, дадов се од себе и победив“, рече Стефанивски.
Оваа година на маратонот во Охрид учествуваа само осумнаесет пливачи и тоа девет во машка и девет во женска конкуренција.
Според организаторите една од причините за тоа било одржувањето на Летните Олимписките игри во Рио во исто време на одржување и на маратонот.Од Пливачката федерација на Македонија најавува можност наредните години Охрид да биде домаќин и на десет километарска трка во маратонско пливање бидејки оваа дисциплина е и Олимписка.
Првото место во женска конкуренција го освои пливачката од Русија, Козидуб Олга со време од 5:55:35:72 часа.
Инаку Охридскиот пливачки маратон е дел од календарот на маратони на Светската пливачка организација-Фина и континуирано се одржува од 1992 година. И годинава покровител на маратонот претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а наградниот фонд е 10000 долари.