Gülsem Adam
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Во турскиот град Анталија е одржан Меѓународниот маратон „Рунатолија” во чии рамки учесничките трчаат во штикли, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е 12.маратон во кој оваа година учествуваа 26 жени. Поддршка им пружија нивните сопрузи и деца. Жените трчаа 100 метри во штикли високи пет и широки 1,5 сантиметри.
Прва беше Езги Ердем, втора Зухал Каја, а трето место освои Дурду Екинчи. Наградата за прво место е 2.000 турски лири, второ 1.500 а трето место, 1.000.
На маратонот учествуваше и 67 годишната Леман Ерзурум која ја заврши трката на 20. место. Победничката Езги Ердем по победата изјави дека е многу возбудена и дека се плашела да не падне за време на трката.
„Не очекував дека ќе победам”, порача Ердем.
По маратонот е одржана и трка во која учествуваа околу 2.000 граѓани, а која е одржана под слоганот „Солидарност против силување, вознемирување и насилство врз жени”.