Levent Kişi
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНТАЛИЈА (АА) - ЛЕВЕНТ КИШИ -
Џамијата во рамките на кампусот на универзитетот „Акдениз“ во Анталија треба да биде завршена до крајот на годината, а во верскиот објект и во неговиот двор молитва ќе можат да извршуваат истовремено 15.000 луѓе.
Муфтијата Осман Артан за Anadolu Agency (AA) истакна дека изградбата на џамијата во кампусот започнала пред осум години и ќе биде најголем религиозен објект во Анталија.
Тој додаде дека џамијата не само што ќе им служи на верениците на универзитетот, туку и на околните населби.
„Оваа џамија има прекрасна архитектура. Еден дел отворивме за молитва. Универзитетот Акдениз го посетуваат 80.000 студенти. Нашите млади браќа и сестри извршуваа молитва во мали месџиди во рамките на факултетот“, рече Артан.
Една од причините зошто изградбата траеше толку долго време се трошоците.

„Значителен дел е завршена. Во тек се внатрешните работи и детали. Се надеваме дека џамијата ќе биде отворена до крајот на 2018 година“, рече Артан, укажувајќи на големата поддршка од властите.
Тој додаде дека за да се заврши џамијата се потребни средства во вредност од околу 12 милиони лири (околу 2,12 милиони евра).
„Иако џамијата сè уште не е целосно завршена, за време на петочната молитва доаѓаат околу 3.000 верници. Во долниот дел ќе има библиотека и други простории“, рече Артан.
Имамот на џамијата, Мехмет Кошук, рече дека џамијата ќе има посебен паркинг, а за жените има посебен дел што може да собере 3.000 верници.
„Жените ќе можат да влезат во џамијата од три страни. Ако сакаат, можат цели ден да го минат овде со децата. За нив ќе бидат обезбедени посебни простории, како што се кујна, дел за хранење на децата и слично“, објасни Кошук.
Тој ја истакна и големата поддршка на градските власти кои бесплатно го уредуваа надворешниот дел околу џамијата.
Кошук додаде дека џамијата, која ќе биде една од најголемите во Турција, ќе има добра положба бидејќи во околните три населби има само една.
„Откако ќе биде завршена, во неа, заедно со надворешниот дел, ќе може молитва да извшуваат вкупно 15.000 луѓе“, додаде Кошук.
Учениците се горди што ќе имаат таква џамија во рамките на кампусот на Универзитетот.
Џамијата изградена во селџучки, отомански и модерен стил се протега на површина од 35.000 квадратни метри.
Четирите минариња со височина од 86,5 метри, потсетуваат на стилот користен кај џамијата Селимије.