Mümin Altaş
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Трамп за време на телефонскиот разговор размениле мислења околу случувањата во Сирија и се осврнале на важноста на следењето на темите дискутирани на Самитот на НАТО.
Двајцата претседатели нагласиле дека спроведувањето на заедничката Мапа на патот во врска со Мунбич ќе даде значаен придонес во соработката за изнаоѓање решение за Сирија.
Ердоган и Трамп ја потврдиле и решителноста за поголемо развивање на билатералната соработка меѓу двете земји во секоја област.