Yunus Uğur
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Газипаша, со природните базени на плажа, античкиот град „Antiochie Ad Cragum", пештерата Јаландунја и заливите важи за анталиски таен рај, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој „мирен рај“, како го нарекуваат, е оддалечен 180 километри од Анталија. Познат е по одгледување на банани, земјоделство, богата историја и природни богатства.
Во Газипаша се одгледуваат и неколку видови на тропско овошје и сите видови на зеленчук. Началникот Адил Челик за АА изјави дека овој крај, богат со природни и историски убавини, ги чека туристите кои ќе ја откријат неговата магија.
Само 18 километри од центарот на Газипаша се наоѓа античкиот град Antiochie Ad Cragum каде во тек се археолошките ископувања.
За време на ископувањата пронајдени се различни мозаици и грнчарии со печат од пред две илјади години.
Челик појасни дека античкиот град се наоѓа на брегот на Медитеранот, од кој се пружа поглед на тврдината. Она што привлекува големо внимание е пештерата која се наоѓа во морето.