Can Erözden
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Едно лице загина во авионска несреќа во турскиот Медитерански Регион, соопштија денес официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
Мунир Караглолу, гувернерот на турската област Анталија, за АА изјави дека при падот на цивилен авион во подрачјето на Манавгат повредени се и две лица.
Тој соопшти дека итната медицинска помош се упатила кон местото и дека засега причината за несреќата е непозната.
Каралоглу додаде дека ќе има официјална истрага за случајот.