Турција

Туркије: Спасени сите од кабините на жичарницата во Анталија по несреќата

Спасувачките екипи на АФАД и други надлежни служби спроведуваа спасувачка акција 22 и пол часа

Hatice Özdemir Tosun  | 13.04.2024 - Обновена : 15.04.2024
Туркије: Спасени сите од кабините на жичарницата во Анталија по несреќата

АНТАЛИЈА (АА) – Сите лица заглавени во 24 кабини се спасени по вчерашната несреќа во објектот на жичарницата Тунектепе во Конјаалти во градот Анталија, јавува Анадолија.

Вчера во 17:28 часот по локално време падна еден од столбовите и удри во кабина, при што загина едно лице, а седум се повредени, меѓу кои две деца.

Вкупно 184 лица во 24 кабини останаа заробени во воздух.

Спасувачките екипи на АФАД и други надлежни служби спроведуваа спасувачка акција 22 и пол часа.

Во акцијата за спасување учествуваа седум хеликоптери, 87 возила и околу 500 лица, по што сите блокирани во кабините се спасени.

Екипите на АФАД ќе ја прекинат акцијата откако уште еднаш со дрон ќе ги проверат сите кабини една по една.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın