Ahmet Gürhan Kartal
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј денешниот состанок во рамките на Самитот Г20 со саудискиот принц Мухамед бин Селман ќе разговара во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите за време за нејзиниот лет кон Буенос Аирес, Меј изјави дека планира да зборува со саудискиот принц Мухамед бин Селман.
„Пораката којашто ќе ја дадам ќе биде многу јасна... за прашањето во врска со Џамал Кашоги, но исто така и во врска со прашањето за Јемен“, изјави Меј за новинарите.
„Сакаме да видиме целосна и транспарентна истрага во однос на она што се случило и оние што се одговорни да бидат фатени“, изјави Меј, повторувајќи го ставот на Велика Британија за бруталното убиство.
Портпаролот на Меј потврди дека состанокот со саудискиот принц, кој беше обвинет за нарачување на убиството на Кашоги, ќе се одржи во текот на вечерните часови денес.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“, е убиен на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул.
По неколкудневните тврдења дека не знаат ништо за судбината на Кашоги, властите на Саудиска Арабија неодамна соопштија дека Кашоги е убиен за време на наводна расправија во Конзулатот.
„Во врска со прашањето за Јемен, ние ќе продолжиме длабоко да се интересираме во врска со хуманитарната ситуација“, изјави Меј.
„Долгорочното решение за Јемен е политичка ситуација и ние ќе ги охрабруваме сите страни всушност да го бараат тоа и да работат за тоа“, додаде таа.
Саудискиот принц се наоѓа во Аргентина за Самитот Г20 заедно со турските, американските и канадските официјални претставници што ќе присуствуваат на Самитот.