Muhammed Emin Canik
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, започна дводневниот Самит на лидерите на Г-20, јавува Anadolu Agency (AA).
Периодичен претседател на Самитот е претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, кој ги пречека гостите пред саемот „Коста Салгуеро“, каде што ќе се одржи Самитот.
По приемот, лидерите одржаа состанок зад затворени врати на тема „Фер и одржлива иднина“.
По состанокот, ќе се одржи официјална церемонија на пречек на лидерите од страна на Макри, по што ќе биде направена заедничка фотографија.
По обраќањето на Макри со што ќе биде отворен Самитот, ќе се одржат три сесии. Првата сесија на Самитот е на тема „Поставување на луѓето на прво место, глобална економија, иднината на работниот живот и зајакнување на жените“.
По првата сесија, лидерите ќе имаат двојни средби, по што во аргентинскиот историски театар „Колон“, лидерите ќе присуствуваат на културни активности.
Вториот и последен ден од Самитот, ќе се одржи втората сесија на тема „Формирање консензус - Одржлив развој и климатска одржливост“. Се предвидува оваа сесија да трае час и половина, по што на Самитот ќе започне третата и последна сесија на која лидерите ќе разговараат на тема „Стекнување можности - инфраструктурата, енергијата и иднината на одржливата храна“.
По потпишувањето на Декларацијата на лидерите на Г-20 и говорот на презентацијата на премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, за Самитот на Г-20 2019 година, ќе заврши со завршното обраќање на аргентинскиот претседател Макри.
Самитот на кој учествуваат 19 лидери и 15.000 учесници, меѓу кои се наоѓаат и делегати од Европската Унија, го следат повеќе од 3.000 новинари од целиот свет.
Поради големиот број протести поради одржувањето на Самитот на Г-20, во Буенос Аирес се преземени сеопфатни безбедносни мерки. За време на одржувањето на Самитот, безбедноста ја одржуваат повеќе од 20.000 спроведувачи на законот, а 6 подрачја од градот се затворени за сообраќај. Безбедносните мерки влијаат врз јавниот превоз, поради што доаѓа до прекини во транспортот.