?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) - Шефот на Кока Кола (ЦЕО), Мухтар Кент со Самитот Г-20 порача дека и водечките бизнисмени по терористичките напади се обединети повеќе од било кога и дека ќе се интензивира соработката со јавниот сектор и солидарноста во изградбата на мирот и просперитетот, јавува Anadolu Agencija (АА).
“Јас сум оптимист. Мислам дека ова е најинтерактивниот Самит Г20. Корпоративниот сектор, меѓународните организации и лидерите на земјите Г-20 тука постигна голема интеракција", изјави извршниот директор на Кока-Кола Мухтар Кент, по состанокот на бизнис-групи Б20 Запрашан од новинарите да даде коментар за можните последици од терористички напад во Париз на глобалната економија, Кент изјави дека светот денес е порешителен повеќе од некогаш, спремен да се спротистави на тероризмот, додавајќи дека бизнис секторот ќе продолжи да ја интензивира соработката со јавниот сектор во овој контекст.
"И покрај тоа што нападот се случи во Франција, тој беше од глобален карактер. Како што тоа го прават лидерите на земјата, и лидерите на бизнис секторот ќе имаат сеопфатна и конкретен план за борба против тероризмот. Ова е можност за нас да ја зајакнеме соработката и да се зближиме", рече шефот на Кока Кола.
Претседател на Управниот одбор на шпанската банка BBVA, Франциско Гонзалес предупреди дека на глобално ниво се забележува најнизок економски раст уште од рецесијата од 2009 година.
Претседателот на Кинескиот совет за поддршка на меѓународната трговија (CCPIT) Ју Пинг рече дека Турција е многу успешен претседавач на Г-20 и Кина е подготвена да го продолжи трендот на напредокот.