Erkan Avci,Cüneyt Karadağ
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
БОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу оствари средба со министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еро, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата Г20 на министрите за надворешни работи во германскиот град Бон, во рамките на двојните средби се сретнаа турскиот министер Чавушоглу и неговиот француски колега Еро.
Од дипломатски извори се дознава дека покрај билатералните односи меѓу двете земји, на средбата станало збор и за ситуацијата на Средниот Исток и за борбата против тероризмот.