Ayhan Şimşek,Satuk Buğra Kutlugün
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека вистинските стратегии и умерената опозиција заедно со поддршка на Турција можат да го исчистат ДЕАШ од сириските градови Рака и Ал-Баб, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите по неговото присуство на состанокот на групата на пријатели во Сирија кој беше одржан во Германија, Чавушоглу исто така изјави дека и процесот на преговори во Женева треба да започне што е можно поскоро.
„Ние ги нагласивме прашањата за тоа како да се бориме против ДЕАШ и за како да ја направиме Сирија стабилна земја повторно”, вели тој. Тој исто така зборуваше и со државиот секретар на САД, Рекс Трилерсон за тоа кои стратегии треба да се следат.
„Со вистински стратегии и со вистински групи како и умерена опозиција заедно со поддршката на Турција, ние можеме брзо да го исчистиме ДЕАШ од Ал-Баб и Рака и другите региони”, додава министерот за надворешни работи.
Сириските мировни преговори ќе започнат во Швајцарија наредната недела.
Министрите за надворешни работи на Германија и Франција ги поддржаа напорите на Турција за воспоставување на прекин на огнот во Сирија и ја повикаа Русија да игра конструктивна улога во преговорите.
Зборувајќи на прес-конференцијата во Бон по состанокот на групата на пријатели во Сирија, германскиот министер за надворешни работи, Сигмар Габриел, ја изрази својата поддршка за преговорите кои беа одржани во главниот казахстански град, Астана.
„Договорот за прекин на огнот и понатаму продолжува да се крши а хуманитарна ситуација е катастрофална. Сепак, ние бевме среќни да видиме како Турција заедно со Русија на преговорите во Астана беше фокусирана на хуманитарните прашања и прекинот на огнот", вели тој.
Тој исто така нагласи дека иако процесот на преговори во Астана играл главна улога во прекинот на огнот, напорите да се пронајде политичко решение на конфликтот треба да продолжат во Женева под покровителство на ОН.
Габриел исто така ја изрази својата надеж за процесот на преговори во Женева кои наредната недела ќе ги обединат претставниците на сирискиот режим и опозицијата за прв пат по преговорите кои беа пекинати во април.
- Процесот на преговори во Астана
Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро ги поздрави постигнатите резултати во процесот на преговори во Астана и ги повика Русија и Иран да го употребат своето влијание врз режимот во Дамаск.
„ Процесот во Астана всушност се фокусира на прашањето кое е од суштинско значење за нас а тоа е прекинот на огнот, прекин на непријателствата и можност да се набљудува прекинот на огнот. Голем број на одлуки беа донесени вчера, тие одат во вистински правец. Но ние сеуште сме далеку од она кон кое стремиме затоа што хуманитарната помош пристигнува многу споро и сеуште се случуваат судири”, вели тој.
Турција, Русија и Иран во четвртокот се согласија на формираат заедничка комисија за надзор над примирјетo во Сирија.
„ Доколку Иран и Русија се исто така убедени дека не постои друга иднина за Сирија освен политичка транзиција, ние треба да бидеме сигурни дека двете страни преговараат за политичка транцизија на искрен начин ”, вели Еро.
Францускиот врвен дипломат повика на поголема застапеност на опозициските групи во преговорите во Женева, со цел да се постигнат резултати на терен.
„Вооружените групи кои се борат против режимот, треба да бидат во делегацијата”, вели тој.
„Ние од Русија и Иран бараме да бидат сигурни дека сирискиот режим ќе престане да ја смета целата опозиција за терористи. Во спротивно, ќе нема дискусија во Женева” , додаде тој.
Еро нагласи дека групата на пријатели во Сирија ќе продолжи да ги поддржува напорите за политичко решение на конфликтот и ќе се состанува колку што е потребно почесто за да се покаже единство.
Вчерашниот состанок во Бон ги обедини министрите за надворешни работи на групата на пријатели во Сирија во која спаѓаат САД, Германија, Франција, Турција, Велика Британија, Италија, Саудиска Арабија, Катар, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и ЕУ.