Emrah Güney
10 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денес во Истанбул се сретна со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, јавува Anadolu Agency (AA).
Според владини извори, премиерот Јилдирим оствари билатерална средба со премиерот на Бугарија, Борисов, на маргините на 22. Светски конгрес за нафта кој се одржа во Истанбул.
На средбата е истакната желбата за поголемо унапредување и развивање на потенцијалот на билатералните односи меѓу Турција и Бугарија, и станало збор за меѓусебните партнерските врски и соработка, добрососедство и развивање на врски врз основа на заемна корист.
Гостинската делегација изјави дека е одлучна уште повеќе да ги развие односите со Турција на секое поле.