Ekipa
11 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 11 терористи се убиени во воздушните напади на турските вооружени сили на скривалиштата на терористичката организација ПКК во југоисточните области Мардин и Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека воздушните напади се извршени врз основа на разузнавачки информации за нови скривалишта каде што терористите се подготвуваат за терористички напади и активности.
Во планинскиот регион во округот Даргечит се уништени скривалиште и два магацина за оружје, а притоа беа убиени најмалку осуммина терористи.
Паралелно со тоа, турските воздушни сили извршија сличен напад во предградието на Хакќари, каде што во една пештера беа убиени тројца припадници на терористичката организација ПКК.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија.
Освен во Турција, ПКК дејствува и во северен Ирак и во Сирија, каде што е активен и огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.