Ekipa
11 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, ги посетија денес гробиштата на загинатите херои во Едирнекапи, Истанбул, и им оддадоа почит на хероите кои загинаа во минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод првата годишнина од неуспешниот обид за воен удар, кој го изведе терористичката организација ФЕТО во Турција, оваа недела се одржува манифестацијата „“Денот на демократијата и националното единство 15 јули", а ширум Турција граѓаните и официјалните лица денес ги посетуваат гробиштата каде што се погребани загинатите херои.
Турскиот премиер Јилдирим денес ги посети гробиштата на загинатите херои во Едирнекапи, каде што го сретна и турскиот претседател Ердоган, кој заедно со голем број граѓани им оддаде почит на жртвите од обидот за државен удар.
Посетите на гробиштата на загинатите херои во Турција се проследена со зголемени безбедносни мерки, а граѓаните испратија порака дека нема да дозволат загинатите херои да се заборават и земјата да се подели.