Sefa Mutlu
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот министер за надворешни работи на Британија, Џек Строу изјави: „Направивме голема грешка кога на Кипар му дозволивме да биде членка на ЕУ. Со тоа на грчката страна ѝ се дадоа поголеми привилегии“, јавува Anadolu Agency (AA).
Под покровителство на претседателството на Турција, во истанбулскиот Конгресен центар се одржува Светски туристички форум, на кој присуствуваше и поранешниот британски министер за надворешни работи, Џек Строу.
Строу рече дека тероризмот негативно влијае врз туризмот, истакнувајќи дека Британија низа години водела борба против ИРА, при што земјата многу страдала од тероризмот.
„Турција страдаше повеќе. Особено на 15. јули, кога животот го загубија голем број луѓе. Видовме колку лесно може да се спроведе воен обид за смена на демократски избрана влада. Уште од самиот почеток нашата Влада го осуди овој обид за државен удар. Овој и ваквите напади го намалуваат бројот на туристите. Британската Влада истакнува дека патувањата во Турција се безбедни”, изјави Строу.
Строу зборуваше и за иднината на ЕУ по одвојувањето на Британија од Унијата, и рече дека Арапската пролет била погрешна.
Тој додаде дека во минатото, Средниот Исток немал искуство со ваков вид на раководства: „На крајот од преживеаното, се појавија терористичките закани. Ќе можеме ли да ја надоместиме направената штета? Не знаеме уште колку на овие простори ќе опстанат авторитетните режими. И Турција во голема мера е подложна на ситуацијата во регионот“.
Строу одговараше на прашањата на гостите на форумот, околу мировните преговори за Кипар, при што го кажа следното:
„Моето мислење за кипарското прашање е позитивно во врска со Турската Република Северен Кипар. Кога станува збор за грчкиот дел на Кипар, не можам да го кажам истото. Зачленувањето на Кипар во ЕУ беше голема грешка. Тоа беше направено во 2004 година. Донесоа таква одлука за грчкиот дел на Кипар под раководството на Пападопулос. Со тоа му се дадоа поголеми можности на грчкиот дел од Кипар. Намален е и интересот за промената на статусот. На мировните средби, секогаш поголеми придобивки ќе овозможат умерените лидери. Се надевам дека повторно ќе започнат миривните преговори. Потребно е меѓународната заедница да даде свое гледиште за поделеноста на кипарскиот остров. Луѓето веднаш изјавуваат: ’Не можете тоа да го направите'. Постојат нешта што се направени во голем дел од светот. Меѓународната заедница треба на претставниците од грчкиот дел од Кипар да им каже: ‘Доколку не ги продолжите преговорите, меѓународната заедница ќе ја одобри поделбата на островот’. Можеби доколку биде кажано нешто такво, преговорите ќе започнат позабрзано“.
На прашањето дали постои можност во Британија да се случи обид за државен удар, Строу одговори:
„Вооружените сили на Британија веќе 400 години му се лојални на кралското семејство. Во 15. век имаше проблеми. Повремено се случуваа предавства, но лојалноста на вооружените сили од тие денови досега воопшто не е доведена во прашање. Вакво нешто речиси е незамисливо во Британија. Понекогаш ги прашувавме нашите пријатели во Турција, дали вооружените сили би направиле нешто такво во земјата. Велеа: 'Можно е', но веројатноста е многу мала. Доколку јас бев таму, мојата реакција ќе беше иста како и на политичарите во Турција. Би чуствувал тага и голем гнев за загубените животи. Тоа се нешта што ниту еден Британец не може да ги прифати“.