свет

Трамп се закани дека ќе воведе дополнителен данок за ЕУ

„Доколку не постигнеме резултат, јас треба да направам чекор, тој чекор ќе биде воведување многу високи даноци за возилата и за други различни производи кои доаѓаат во нашата земја“

Ata Ufuk Şeker  | 22.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Трамп се закани дека ќе воведе дополнителен данок за ЕУ

ДАВОС (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија (ЕУ) дека ќе воведе дополнителни даноци за увезените возила во случај да не се постигне усогласување за трговските прашања, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на 50. Светски економски форум во Давос, Трамп даде изјава за „Си-ен-би-си“ (CNBC), во чиј тек се осврна на трговските прашања меѓу САД и ЕУ.

Трамп нагласи дека вчера во Давос се состанал со Урсула фон дер Лејен, претседателката на Европската комисија, во врска со Трговскиот договор.

„Остваривме одлична средба. Но, нејзе ѝ реков дека доколку не постигнеме резултат, јас треба да направам чекор, и дека тој чекор ќе биде воведување многу високи даноци за возилата и за други различни производи кои доаѓаат во нашата земја“, додаде Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın