Ekip
18 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
МИНХЕН (AA) – Германската канцеларка Ангела Меркел ја истакна потребата за зачувување и јакнење на мултилатералните структури како што се Европската унија, НАТО пактот и Обединетите нации, додека говореше на конференцијата на која присуствува и Мајк Пенс, потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Настапот на Меркел на конференцијата за безбедност во Минхен, доаѓа во момент кога дојде до загриженост поради пристапот на администрацијата на Трамп за надворешни работи и стравувањата дека ќе има малку интерес за работа во мултилатералните форуми.
Меркел рече дека „заедничкото делување го јакне секого", но и призна дека „мораме да видиме дека мултилатералните структури на многу места се „недоволно ефикасни".
„Цврсто сум уверен дека вреди да се бориме за нашите заеднички меѓународни мултилатерални структури, но мораме да ги унапредиме на многу места", порача Меркел.