Gülbin Yıldırım
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек, во рамките на пролетните состаноци на Светската банка - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и средбите Г20, престојува во Вашингтон во Соединетите Американски Држави (САД), каде имаше интервју за Anadolu Agency (AA).
Шимшек истакна дека во рамките на неговата посета на Вашингтон многу често добивал прашања околу референдумот одржан минатата недела во Турција, додавајќи: „Секој беше љубопитен околу референдумот во Турција. Им раскажавме дека по референдумот ќе има стабилност во управувањето во Турција. Турција ќе има можност на петгодишно спроведување на активости, ќе завршат владините кризи, системот ќе работи во согласност со глобалните форми, судот ќе биде независен и неутрален, парламентот ќе биде помоќен. Затоа направивме сѐ што е во наша моќ, секој на најдобар начин да го разбере процесот во Турција", рече Шимшек.
„Се сретнавме со претставниците на компаниите кои менаџираат со трилиони долари. Впечатокот кој го добив е дека е позитивна прецепцијата за Турција. И тие веруваа дека добиениот одговор „да” на референдумот ќе ја зацврсти стабилноста на земјата“, вели Шимшек, додавајќи дека се сретнал со речиси сите американски финансиски менаџери.
Шимшек предвидува дека после април најверојатно ќе дојде до забрзување на турската економија.Тој смета дека значајна улога во тоа, покрај намалената неизвеснот и намалените ризици, ќе одигра и глобалното опоравување.
- „Со новите реформи што ќе ги направиме, позитивно ќе влијаеме врз очекувањата“
Исто така, Шимшек нагласи дека владата ќе се врати на програмата на реформи, и истакна: „Со новите реформи што ќе ги направиме, позитивно ќе влијаеме врз очекувањата и благодарение на нив, верувам дека оваа година Турција ќе има подобар перформас".
Шимшек вели дека инфлацијата апсолутно треба да се намали на едноцифрена бројка, и додаде:
„Инфлација со двоцифрена бројка за Турција е состојба која никогаш нема да ја прифатиме, за која сметаме дека не е вистинска како и една состојба која може да ја доведе во опасност долгорочната благосостојба на Турција“.
Вицепремиерот Шимшек, истакнувајќи дека се забележува забрзување во светската економија, истакна: „За прв пат во период подолг од осум години турската економијата забележува пораст и нагорна линија на глобално ниво, наместо предвидувањата за нејзин пад. Ова е многу значаен, многу важен чекор. Затоа, позитивни се очекувањата за глобален пораст“.