İlhan Toprak
04 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ХАНГЏУ (АА) - Турскиот и рускиот претседател, Реџеп Таип Eрдоган и Владимир Путин, по два часа ја завршија билатералната средба во Кина, која беше затворена за медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешниот билатерален состанок меѓу двајцата лидери се одржа во рамките на Самитот на Г20 во кинескиот град Хангџу.
Пред состанокот, Ердоган и Путин им се обратија на претставници на медиумите.
„Денешната средба ќе биде значајна можност повторно да се разгледаат темите за кои разговаравме во Санкт Петербург, темите поврзани со иднината, било да се работи за политички, економски или регионални теми", рече Ердоган.
„Мило ни е што сме сведоци на нормализацијата на внатреполитичкиот живот во Турција. Гледаме дека Турција помина низ тежок период. Знаеме дека таа се бори против тероризмот и дека се соочува со важни закани. Претходно ги утврдивме нашите позиции кога е во прашање борбата против тероризмот. Постигнат е важен напредок во нормализација на ситуацијата во Турција, меѓутоа, кога состојбата целосно ќе можеме да тргнеме напред значително побрзо", истакна Путин.
Турскиот претседател утре ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама.