Dmitri Chirciu
28 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, одржа итен состанок со Советот за безбедност, на кој беше разговарано за состојбата во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тоа во изјава за медиумите го потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков информираше дека на состанокот било разговарано за состојбата во Идлиб, Сирија.
„Изразена е загриженост во врска со влошувањето на состојбата во Идлиб како резултат на провокативните активности на терористите, кои извршија напади врз сириската Војска“, додаде Песков.
Инаку, како резултат на нападите од силите на Асадовиот режим, извршени синоќа врз елементите на Турските вооружени сили во Идлиб, загинаа 33 турски војници.