Aydoğan Kalabalık
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
ТРИПОЛИ
Милициите на нелегитимните вооружени сили од источниот дел на Либија, кои се приврзани на лидерот Калифа Хафтар, изведоа ракетен напад врз аеродромот „Митига“ во Триполи, по што избувна пожар во еден од хангарите на аеродромот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изјава за АА даде Хишам Ебу Шефкет, потсекретарот на шефот за авијациски комуникации при Владата на национално единство на Либија, која е призната од Обединетите нации (ОН), информирајќи дека е извршен напад со 25 ракети врз аеродромот „Митига“ во Триполи, пошто избувнал пожар во еден од хангарите на аеродромот.
Ебу Шефкет информираше дека поради нападите не се во можност да се справат со пожарот.