Ruslan Rehimov
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев за ситуацијата во Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на претседателот на Азербејџан е наведено дека Алијев му се јавил на Путин и му го честитал роденденот.
Алијев и Путин разговарале за ситуацијата во Нагорно Карабах, а исто така размениле мислења и за азербејџанско-руските односи.
На 27 септември ерменските сили започнаа нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот на Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан исто така прогласија воена состојба во 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку. Од 1991 година ерменската војска илегално го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од седум други окупирани азербејџански региони.