İlhan Toprak
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган допатува во кинескиот град Хангџоу, домаќин на самитот Г-20 којшто ќе биде одржан на 4 и 5 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува на Самитот да присуствуваат многумина високи функционери и лидери на најголемите светски економии. Турскиот претседател на Самитот допатува на покана од кинескиот претседател Сји Ѓинпинг, а се очекува дека ќе има различни состаноци.
Ердоган утре ќе се состане со кинескиот претседател, по што ќе биде одржан и состанок на делегациите. По состанокот, двајцата претседатели ќе присуствуваат на потпишувањето на договорите и на протоколите на двете земји.
Турскиот претседател утре ќе се состане и со рускиот претседател Владимир Путин. По состанокот, Ердоган ќе присуствува и на самитот Г-20, каде што ќе се состане со претседателите и премиерите на САД, Русија, Германија, ЕУ кои исто така ќе учествуваат на Самитот.
Во текот на престојот во Кина, Ердоган ќе се состане и со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Во придружба на турскиот претседател е заменик-премиерот Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за природни ресурси и енергија Берат Албајрак и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.