Ali Önen
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
АНКАРА (AA) - АЛИ ОНЕН -
Поранешниот министер за надворешни работи на Шведска Карл Билдт порача дека нема сомнеж дека зад обидот за државен удар во Турција, кој се случи на 15 јули, стои Фетула Ѓулен. Во разговорот за Anadolu Agency (AA) Билдт рече дека не постои сомнеж каj експертите, како во Турција така и надвор од неа дека во центарот на обидот за државен удар се наоѓа Гулен и неговото движење.
Поранешниот шведски министер истакна дека никој од сите со кои имал состаноци, како во Турција, така и надвор од неа, дека зад обидот за државен удар стои Ѓулен.
Нагласи дека Ѓулен бил прво сомнително лице тогаш кога на телевизија го видел обидот за државен удар во Турција. Билд рече дека од тогаш па до денес јасно се виде дека зад обидот се крие Ѓулен и неговата организација ФЕТО.
Изрази и свесност за активностите кои членовите на ФЕТО со години ги спроведуваат.
„Детално слушав за тоа како луѓето на Ѓулен се инфилтрираа во полиција и правосудниот систем", појасни Билдт.
На прашањата за тоа дали Турција очекувала државен удар одговори негативно.
„Такво нешто сметав дека е невозможно бидејќи верував дека тие работи се завршени години наназад", порача Билдт.
Според неговите зборови, да се бараат и да се процесуираат оние кои учествувале во обидот за државен удар е најприродно право на турската Влада.
Предупреди дека Турција во случај на потценување на обидот за државен би можела да се најде во опасност од нов удар. Поранешниот шведски министер зборуваше за вашноста на посетата на Турција од страна на генералниот секретар на Советот на Европа Тхорбјорн Јагланд.
Билдт рече дека приказната околу Ѓулен не е тема која Европјаните можат лесно да ја разберат.
Потсети дека функционерите на ЕУ и европските лидери по 15 јули пружија поддршка на Турција и нејзината демократија. Билдт порача дека било потребно функционериет на ЕУ по обидот за пуч да бидат поддршка на Турција во поголема мерка отколку порано.
Зборуваше и за договорот за реадмисија помеѓу Турција и ЕУ и визната либерализација, говорејќи дека договорот е комплексен, но „силен."
„Никој не вели дека е совршен, но сите гледаат дека договорот има свои предности", појасни Билдт.
Според неговите зборови, визната либерализација требаше да биде решена години претходно.
Изрази уверување дека е потребно да се интензивираат и зголемат сите видови односи на Турција и ЕУ.