Esra Kaymak
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Државниот секретар Џон Кери и саудискиот принц Мухамед бин Селман се заложија дека ќе ја продолжат борбата против екстремизмот кој доведе до масакрот во Орландо, соопшти вчера Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
На ифтарската вечера организирана од Кери за саудискиот принц Бин Селман, вчера во Вашинтон, се разговарало за регионални прашања, вклучувајќи го прашањето за Јемен, Сирија, Либија и борбата против тероризмот, истакна портпаролот на Белата куќа Кирби.
Двајцата лидери изразиле обврзаност за борба против регионалниот и меѓународен екстремизам, истакна Џон Кирби.
Состанокот се одржа еден ден откако американскиот државјанин Омар Матин уби 49 лица и рани 53 лица во геј клуб во Орландо, Флорида.
Масакрот се смета за најсмртоносниот вооружен напад во американската историја.