Mahmoud Barakat
23 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес истакна дека нема да се повлече од своето барање Соединетите Американски Држави (САД) да го признаат правото на Израел врз окупираната Голанска Висорамнина, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нема да се откажам од нашето очекување САД да го признаат израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина“, наведува Нетанјаху во соопштението.
Изјавата на Нетанхају доаѓа по еден ден откако американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, за „Ројтерс“ (Reuters) изјави дека американската администрација не ја разгледува можноста за признавање на правото на Израел врз стратешката висорамнина.
Израел ја окупираше сириската Голанска Висорамнина во текот на Арапско-израелската војна во 1967 година, кога, исто така, го окупираше и Западниот Брег, Источен Ерусалим (Кудс) и Појасот Газа.
Обединетите нации (ОН) ја означуваат Голанската Висорамнина под контрола на Израел, како окупирана територија.