Admir Fazlagic
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите христијански верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов.
По повод празникот Божиќ, честитки упатија претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот на Македонија Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и бројни други политички претставници и државни функционери во земјата.
Во градовите ширум регионот, денеска се одржуваат божиќни литургии и се прославува празникот Божиќ. Прославата на Божиќ започна вчера на Бадник, кога верниците заминуваат во сеча на дрвја, во храстовите шуми во близина на нивните места на живеење за да ги донесат дрвјата.
Навечер, бадникот се става на оган, бидејќи гранчињата од храст на огаан симобилизраат светлост и топлина која ги грее и зближува луѓето.
Иако обичаите се многубројни, генерално правило е дека Бадник и Божиќ се семејни празници поради што се слават во кругот на семејството.
Верниците си го честитаат празникот меѓусебно посакувајќи мир, среќа, здравје и благосостојба.