СКОПЈЕ (АА) - Кај и да си, за Бадник дома да си. Вакво е верувањето кое православните христијани го практикуваат на Бадник, еден ден пред најголемиот христијански празник, Божиќ. Тогаш децата пеат коледарски песни за здравје, бериќет и плодна година кои ги симболизирааат гласот на ангелите за Христовото раѓање.
Отецот Горан Стојчевски за Anadolu Agency (AA) вели дека бадник како термин означува и се поврзува со бдеењето, а бдеењето е поврзано со молитвата поточно со молитвеното бдеење. кое според христијанското верување означува исчекување на раѓањето на Спасителот Исус Христос.
“Ова уште претставува и бдеење на нашето срце кое треба да се прочисти од сите страсти и да се потрудиме да ги исчистиме сите негови пороци и гревови за да може спасителот наш да да се роди во нашето срце, бидејќи тоа е суштината на овој празник, да се роди спасителот во длабоката пештера на нашата личност, а доколку тоа се случи радоста ќе може да ја пренесеме не само на нашите ближни туку и на целиот свет. Христовото раѓање и христовото воскресение се најважните празници во нашата христијанска православна вера и животот на еден христијанин се движи толкму помешу тоа раѓање и воскресение, бидејќи тука се наоѓа и смислата на целиот наш живот”, вели отец Горан.
Според христијанското верување, Бадник се прославува ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. На овој ден семејството се собира на посна и богата вечера, а според верувањата и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се меси погача, во која се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.
Дел од граѓаните за АА изјавија дека веќе се подготвуваат и со нетрпение ги очекуваат престојните Божиќни празници.
“Почнавме со подготовките, еве купивме костени, ореви, бомбончиња за помалите деца за да ни ја донесат веста дека Господ се родил. Ние домаќинките имаме традиција наследена од мајките, свекрвите и бабите по која си правиме леб, погача или пита со паричка, правиме посни јадења, бело гравче, посна сарма и пржена риба. Божиќните празници се едни од најрадосните празници за нас Македонците”, изјави еден граѓанин.
Еден од граѓаните изјави дека “Бадник и Божиќ се свети празници и затоа поаскувам најмногу љубов да има меѓу луѓето иако ни недостигаат многу нешта во животот. Празниците треба да се прославуваат на прав христијански и праволславен начин”.
“Празниците ќе ги поминеме дома со најблиските покрај трпезата. Божиќните празници за мене претставуваат моменти кога се собира целото семејство и се дружиме повеќе со пријателите. За Бадниковата вечера најачесто се јаде посна сарма, овошје, гравче и риба”, изјави за АА еден граѓанин.
Откако ќе заврши вечерата масата останува нераскрената. Оставањето на масата нераскрената според христијанските верувања ја симболизира “вечната вечера”, односно, вечното љубовно – блажено заедништво со Господ. Утредента се оди во Црквата на празничната Божиќна молитва.
Ден пред Бадник граѓаните се собираат и ги палат коледарски огнови. Ракија, месо, песна и ора се начинот на кој се дочекува големиот христијански празник. На тие собири се крши и лебче со паричка и на тој што ќе му се падне паричката станува Кум за наредната година и се верува дека ќе биде многу среќен. Ова е во спротивност со православното верување бидејќи со овој начин на празнување се прекршува постот кој треба да се заокружи со Бадниковата вечера.
news_share_descriptionsubscription_contact
