Ekipa
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германските власти соопштија дека е уапсен Тунижанин за кој постои сомнение дека е вмешан во нападот на божиќниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од канцеларијата на германскиот федерален обвинител се наведува дека 40-годишниот туниски државјанин бил уапсен по претресот на неговиот дом и канцеларија.
Се истакнува дека неговиот број е зачуван во телефонот на Анис Амри, осомничен дека управувал со камионот со кој е извршен нападот на 19. декември. Анис Амри минатата недела беше убиен во Милано, во престрелка со италијанската полиција.
„Понатамошното истражување покажува дека можеби бил вклучен во нападот“, се вели во соопштението.
Обвинителите имаат рок до четврток вечер за да утврдат дали може да се издаде формален налог за апсење. Со тоа осомничениот би бил задржан во притвор додека не се потврди можното обвинение против него.