Kemal Zorlak
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Познатата босанскохерцеговачка и југословенска кантавторка, Јадранка Стојаковиќ, по долго боледување почина во Бања Лука, јавува Anadolu Agency (AA).
Стојаковиќ веќе подолго време боледуваше од амниотрофична латерална склероза, а синоќа почина во бањалучкиот Специјален центар „Иван Павао II", Дом за стари лица, каде таа престојуваше во последно време.
Родена е на 24-ти јули 1950 година во Сараево, каде ја започна својата единствена музичка кариера. За време на доцните 1970-ти почна да се занимава со обработка на босански севдалинки, старите градски љубовни песни, како и обработка на поезијата на српската поетеса Десанка Максимовиќ во новиот музички аранжман.
Работеше и применета музика за телевизија (Детски емисии на Телевизијата Сараево), исто така напиша и воведна тема за 14-те Зимски олимписки игри во Сараево 1984 година. Од 1988 година живееше во Јапонија, се до враќањето во Босна, 2012 година.
Најпознатите песни на Јадранка Стојаковиќ се: „Можевме се", „Има некоја тајна врска", „Музиката свираше", „Волшебници", „Тесно доба", „На друмовите на Срем",„Верувам", „Недовршен валцер", „Зошто те нема", „Бистри води низ Босна течат".