Vanesa Balicevac
20 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Учесниците на Велосипедската парада седма година по ред учествуваат во трка за подобра инфраструктура на патиштата и за промоција на велосипедизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката започна на Сахарова (Москва), а ја организираа локалните ветерани на Велосипедскиот сојуз. На настанот учествуваа околу 800 лица.
Насмевките не недостигаа на лицата на учесниците, и покрај дождливото и студено време.
Возењето беше поделено во две категории. Мажите мораа да поминат најмалку пет круга, а жените два.
Трката е одржана во централниот дел на главниот град Москва каде што сообраќајот беше привремено запрен.