Gökhan Ergöçün
26 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
УШАК (АА) - Во рамките на затворот Ушак во западна Турција, во 2006 година е отворена фабрика за кожа, која минатата година оствари профит од 1,5 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Ѓумуш, главниот обвинител во областа Ушак, за АА изјави „Фабриката работи веќе 12 години и има 78 вработени затвореници кои произведуваат 130 видови производи од кожа, како јакни, чанти, капути и елеци“.

Тој рече дека производите изработени по нарачка се продаваат во 27 продавници низ Турција, а истовремено продажбата се прави и преку интернет.
Ѓумуш рече дека понекогаш имаат временски проблеми со постигнување на нарачките, бидејќи производите се квалитетни и поевтини од оние на пазарот, додавајќи „Планираме во престојниот период да ги зголемиме капацитетите“.

„Фабриката им помага на затворениците“, нагласи Ѓумуш, велејќи дека осудениците на тој начин имаат можност да научат за трговијата и да заработат пари. Тој додаде дека има случаи во кои затворениците по отслужувањето на казната, отвориле сопствена работилници.

„Во затворот, исто така, се нудат курсеви, имаме пекара со капацитет од 10.000 парчиња леб и соларна централа“, истакна Ѓумуш, и додаде:
„Соларната централа има капацитет од 500 киловат часови дневно. Благодарение на централата, заштедуваме околу 90.000 долари годишно.“
Затворениците се осигурани
Управителот на затворот, Нури Ѓувен изјави дека минатата година фабриката за кожа произвела околу 22.500 торби, јакни, капути и елеци.
„Правиме избор од затворениците кои сакаат да работат во фабриката и по 15. дневна обука, започнуваат со својата осум часовна работа“, објасни тој.
Тој додаде дека затворениците се осигурени и добиваат плата за работата во фабриката.
Голем број турски затвори имаат фабрики и работни места за производство на неколку видови продукти, како храна, земјоделски производи, текстил и ракотворби.