Qais Omar Darwesh Omar,Halime Afra Aksoy
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
РАМАЛА
Здружението на палестински затвореници (ППС) предупреди дека животно се загрозени шест палестински затвореници, кои штрајкувале со глад во знак на протест поради административниот притвор од страна на Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од ПСС е наведено дека здравствената состојба на сите шест затвореници кои штрајкуваат со глад е „посебно ризична“.
Порачаа дека секој час е важен.
Во соопштението е наведено дека израелските власти не се согласиле да ги ослободат Палестинците кои штрајкуваат со глад.
Во соопштението е нагласено дека Кајид ал-Фесфус, кој штрајкува со глад 102 дена во израелскиот затвор, и Микдад ал-Кавасиме, кој штрајкува со глад 95 дена, се наоѓаат во здравствените институции.
Нивната здравствена состојба е критична.
Во лоша здравствена состојба е и Ала ал-Арак, кој штрајкува со глад 78 дена во затворската клиника „Ремла“. Во критична состојба е и Хишам Ебу Хеваш, кој штрајкува со глад 69 дена, и Шади Ебу Акер, кој штрајкува со глад 61 ден.
Во соопштението се наведува дека во самица во затворот „Офер“ се наоѓа и Ајад ал-Херими, кој штрајкува со глад 32 дена.
Мерката административен притвор им дозволува на израелските власти да го продолжат притворот на затворениците по истекувањето на казната на период од шест месеци.
Доколку се потврди дека затвореникот е „опасен за сигурноста на Израел“, воениот судија може да го продолжи притворот до пет години, дури и да не поднесе кривична пријава.
Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 4.650 Палестинци, од кои 520 се „административни затвореници“. Околу 200 од нив се деца.